Berovo, MK -18°C

Languages:

EN MK

Menu

Ексклузивни понуди за свадба

Во срцето на планината, каде што мирисот на бор се меша со звукот на езерото, се наоѓа Аурора Ресорт и Спа, место каде што соништата за совршена свадба стануваат реалност.

  • 1390461_725384137491048_1559956708_n - Copy
  • 1378287_725494417480020_275183598_n
  • 1094970_725384090824386_1564750847_n
  • 1385140_725494644146664_958645627_n
  • 10429293_907022769327183_1560575905763179202_n
  • 999444_739672819395513_1591725952_n - Copy

Некои љубовни приказни заслужуваат да бидат раскажани таму каде што и природата ќе прошепоти „ДА “.  Ние не сме само хотел. Ние сме приказна од светлина, музика и љубов, ткаена во секој детал од првиот чекор на вашите гости, до последниот блесок на шампањот. Вашата свадба тука не е само прослава, туку целосно доживување, бајковит викенд што го спојува луксузот, природата и топлината на заедништвото. За да создадеме совршенство, Аурора Ресорт и Спа ви го нуди местото, комплетно само за вас. Целиот сместувачки капацитет станува ваш дом, ваш свет, каде што секој агол дише љубов и елеганција. Свадбената ноќ се претвора во дводневна приказна регистрација, коктел, свечена вечера со свадбена прослава на отворено, “After party” покрај базен, овозможено ноќевања во 29 сместувачки капацитети со вкупно 107 легла и утрински моменти полни со насмевки и спомени. Следното утро, се будите заедно со најблиските. Сонцето нежно го осветлува езерото, а мирисот на свежо кафе и енергетски појадок ве повикува да го продолжите славјето во мирот на природата. Тука, времето забавува, за љубовта да трае вечно. Наша особена гордост е престижната награда за „Најдобар планински ресорт за свадби на Балканот“, доделена на свеченоста на “Balkan Awards” во Софија, признание што само ја потврдува нашата посветеност кон совршенството, деталот и емоцијата. Секоja венчавка кај нас е создадена со душа, визија и искрена желба да остане во срцата на присутните. Тука, каде што небото ја бакнува планината, вашата љубов станува вечна.

Send Request

Request form

Fill the form bellow to send your request:

Please leave this field empty.