Berovo, MK -18°C

Languages:

EN MK

Menu

Групни понуди

 Дозволете си вам и на вашите соработници, да ги споите работните обврски и уживањето... Дозволете си мало бегство од вашите канцеларии, од секојдневието и претворете ги работните активности во вистинско задоволство.

  • file_000000004ea471f4b7e484c50e673537_1
  • file_00000000081c71f8ba521cf0198cc422(1)

Овозможете им уживање на вашите сетила во живописната природа покрај Беровското Езеро и во уште попрекрасниот амбиент на Аурора Ресорт и СПА, изграден да ги задоволи и најпрефинетите вкусови. Наша професионална обврска е вашите деловни состаноци, семинари, работилници и тим билдинг активности, да бидат вистински одмор, релаксација но воедно да бидат креативни, успешни и целосно да ја  постигнат целта на нивното организирање. Хотелските конференциски сали ви стојат целосно на располагање (голема до 80 лица и помала до 30 лица) заедно со целата техничка опрема со која располагаме. Уживајте во уникатните кулинарски специјалитети во топлиот и луксузен амбиент на нашиот реномиран ресторан.

Дозволете си релаксација во извонредниот СПА центар и на крајот искористете го свежиот планински воздух за да се одморите во некоја од модерно опременетите  хотелски соби.

На наше, и Ваше задоволство, Ве покануваме и Вие да се вброите меѓу гостите кои веќе го доживеале ова неповторливо искуство, бидејќи Вие како гости на Хотел Аурора Ресорт & Спа сте бесценети и го заслужувате најдоброто…